“И Талибанците имаат подобро судство“. Со ваква парола неколку граѓани заедно со здруженијата Но пасаран и Стоп за крадењето, протестираа пред граѓанскиот суд поради непочитување на одлуката од Стразбур од страна на Граѓанскиот суд Скопје, Апелација, Регулаторната комисија за енергетика и министерството за правда, велат демонстрантите. Евроспкиот суд на човекови права одлучи во полза на граѓаните кои мораа да плаќаат централно греење иако не го користеа. Граѓаните имаат право да ги повторат постапките кои ги изгубија со БЕГ, но ваквите барања им ги одбија гореспоменатите институции.
Ана Глигорова од здружението Стоп за крадењето рече дека за овој случај треба да има фонд за оштета на граѓаните кои плаќале сметки без да користат услуги.
Учесниците на протестот рекоа дека бараат државата да сноси одговорност за, како што рекоа, корупцијата во сопствените институции и да формира Фонд за компензација на сите граѓани кои не користеле централно греење а им доаѓале сметки. Тие најавија протести секој петок напладне се до решавање на нивниот проблем.
