И Турција сака да лансира ровер на Месечината

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Турција планира да испрати ровер на Месечината, и тоа со помош на ракетен мотор од домашно производство, кој ќе биде пробно лансиран во 2023 година.

Според зборвите на Сердар Хусеин Јилдирим, претседателот на Турската вселенска агенција, роверот ќе биде лансиран во 2028 или 2029 година и ќе собира научни податоци од површината на месечината.

Јилдирим рече дека ракетата со која е планирано лансирање на ровер ќе биде од домашно производство, а ќе користи хибриден мотор кој се развива во тоа земја.

„Имаме намера да употребиме сопствен мотор за да стигнеме до Месечината, но прво вселенското летало ќе го доведеме во ниска Земјина орбита со меѓународна помош“, рече Јилдирим.