И утрово Берово најстуден град со -6 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трет ден по ред Берово е најстуден град наутро во Македонија. Денеска беа измерени -6 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):

-6 Берово, -4 Скопје – Петровец, Битола, Струмица, -3 Демир Капија, Штип, Велес, Куманово, Тетово, -2 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, -1 Крива Паланка, Гевгелија, Виница, 0 Лазарополе, Охрид, 1 Претор, 3 Mаврови Анови, Попова Шапка, 5 Kрушево.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.