Ибрахими од ААА: Мнозинството е стабилно, не треба да се проширува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека мнозинството е стабилно.

Според него, нема потреба од проширување.

„Оваа работа не е работа што може да се реши вечерва и можам да дадам одговор. Не го ни поставивме прашањето дали да се зголеми мнозинството, бидејќи мнозинството е стабилно. Оние кои сакаат да го зголемат, нека покажат зошто? Во случај некоја партија да нема бројки, тогаш кажете ни. Ние имаме договор потпишан, сега значи дека тој договор не се почитува?, рече Ибрахими.