Зекирија Ибрахими од Алтернатива гостуваше вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
На прашањето како ќе се формира ново мнозинство, Ибрахими рече дека тоа е во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка“, истакна Ибрахими.
Тој вели дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје, и тоа Алтернатива го сака Паркови и зеленила и Комунална хигиена.