Таравари за предлогот на ДУИ за регионализација: Добра идеја, но тешко остварлива, зошто не ја реализираа 22 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Идеите на ДУИ се само за создавање конфузија и скептицизам“. Вака, Арбен Таравари од ВРЕДИ ги коментираше најавувањата на ДУИ дека анализираат модели за регионална поделба на државата, како моделот на Белгија или Северна Ирска. Таравари додаде дека ДУИ имала време 22 години на власт да остварува такви работи, а не сега кога се во опозиција.

„ДУИ 22 години беше на власт,во Влада, ништо од ова што го кажува денеска не спроведе, ниту и текнало. Сега кога се во опозиција, за 2 месеци, им текнуваат разни идеи. Јас не сум против идеите, идеите се добри но 22 години биле на власт и воопшто не размислувале за децентрализација која е дел од Рамковниот договор. Да не зборуваме сега за регионална поделба. Ние одамна сме дале идеа за подобро функционирање на државата, од аспект на фискална децентрализација и повторно го имаме во програма. Овие кога се во опозиција им текнуваат идеи кои се тешки за спроведување“, вели Арбен Таравари.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека идеата на ДУИ не е приоритет. Пратеничката Марија Митева, додаде дека ДУИ темите за етничките прашања ги отвара само кога е во опозиција.

Инаку како што претходо извести ТВ21, ДУИ ангажирала тим на меѓународни експерти за пронаоѓање на решение за „неполитување на волјата на гласачите“ и дека анализираат две модели за регулирање на државата. Станува збор за моделот на Белгија и Северна Ирска.