Зоран Заев ја коментираше изјавата на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов околу најновите случувања и еден вид заканите од Бугарија дека ќе ја блокира интеграцијата ако не биде решено прашањето околу македонскиот јазик.
„Она што можам да го кажам е дека очекувам Бугарија да биде искрен пријател на Северна Македонија. Покажавме дека сме пријателски настроена влада. Минатата влада имаше капацитет на кавги и непријателство. Најсилната порака за граѓаните е дека ја интегриравме земјата во НАТО и добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Очекувам и бугарската страна да негува пријателски однос. Идентитетот, дека сме македонски народ, и македонскиот јазик се прашања кои се надвор од сите кулоари“, рече Заев на денешната прес-конференција.
