„Иднината на Западен Балкан е во ЕУ“ – Фон дер Лајен: Не можеме да ги оставиме нашите европски граѓани настрана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Овој парламент го кажа тоа гласно. Иднината на Украина е во нашата Унија. Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Иднината на Молдавија е во нашата Унија“, вели Урсула фон дер Лајен.

Ова беше една од изјавите што претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, што им ја кажа на членовите на Комисијата во својот годишен говор каде зборуваше за состојбата на Европската унија. Фон дер Лајен го опиша проширувањето како неопходен чекор за комплетирање на унијата соочени со дестабилизирачките напори на некои земји, наведувајќи дека од стратешки и безбедносни причини не треба да се остават настрана Западен Балкан и другите земји.

„Почитувани членови, почнав да зборувам за тоа дека Европа одговара на повикот на историјата и историјата сега не повикува да ја комплетираме нашата унија. Во свет во кој некои се обидуваат да ги освојат земјите, една по една, не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани Европејци зад себе. Во свет каде големината и тежината се важни, целосно е во наш стратешки интерес да ја комплетираме Европската унија“, додаде Урсула фон дер Лајен.

И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека до 2030 година ќе има проширување на ЕУ. Тој додава дека Македонија не смее да ја испушти шансата што ја има пред себе, а која мора да се искористи со реализација на уставните измени.

Во својот говор Фон дер Лајен ја истакна потребата од владеење на правото и најави дека дури и државите кои претендираат да се приклучат на блокот ќе презентираат извештаи за тоа, исто како што тоа го прават земјите-членки на ЕУ.