Премиерот на Албанија Еди Рама и неговата сопруга Линда Рама вечерва организираа ифтарска вечера за верниците по повод светиот месец Рамазан, пишува ТВ21.
На настанот биле поканети и политички личности од регионот и од земјата, а на исто место се најдоа и Али Ахмети, Фатмир Лимани и Арбен Таравари.
Таравари му се заблагодари на Рама за поканата и гостопримството, истакнувајќи: „Ви благодарам што му давате значење на овој возвишен и толку важен месец.“
Дел од настанот беше и Бујар Османи, кој изјави дека присуствувал на ифтарот во Тирана на покана на премиерот Рама. Тој информираше дека имал и разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа.
„Оваа посебна вечер испрати пораки за мир, разбирање и солидарност, зајакнувајќи ги врските меѓу луѓето и одразувајќи ги универзалните вредности што ги носи месецот Рамазан. Нека овој месец ни послужи како време за размислување, зближување и хуманост за сите. Лесен и прифатен пост за сите верници“, изјави Османи.
