Оригинален примерок од митската видеоигра „Легенда за Зелда“, продадена е на аукција за рекордна сума од 870.000 долари, објави аукциската куќа Херитиџ Окшенс.
„Беше ѕвезда на аукцијата“, рече Ерик Бердли, портпарол на аукциската куќа. Името на купувачот не е објавено.
Станува збор за примерок од игра од 1987 година која е во запечатено оригинално издание. Станува збор за рекорд за видеогра.
Порано рекордот го држеше видеоиграта Супер Марио Брос од 1986 која била продадена за 660 илјади долари.
