Играчки и украси што треба да се исфрлат од детската соба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британска компанија флашира чист воздух – цената е вистинска „ситница“

Компанија од Велика Британија започна полемика на социјалните мрежи благодарение на продажбата на стаклени шишиња полнети со „најсвежиот крајбрежен...

Како се врши селекцијата и кој може да работи контролор на лет?

Се вели дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, но дали знаете како се врши селекцијата и кој може да работи...

Дневен хороскоп за вторник (9. март 2021)

ОВЕН Работа: Доколку сте заинтересирани за подобрување на финансиите, во смисла на добивање на кредит или пари од спонзори, најдобро...

Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините...

Владата денеска одлучува – ќе има ли полициски час?

Владата денеска ќе донесе одлука во врска со предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час...

Во детската соба, вообичаено, има многу играчки… Сепак, педијатрите посочуваат повеќе работи што родителите треба да ги исфрлат оттаму, заради безбедноста на малечките.

Петмина педијатри ги споделуваат своите совети на оваа тема. Следуваат неколку од оние потенцијално опасни играчки и украси што може да се најдат во детската соба или на дофат на малечкото.

„Гласни“ играчки

Според д-р Нкеирука Оражијака, педијатарка од САД и мајка на три деца, играчките кои „пејат и зборуваат гласно“ предизвикуваат оштетување на слухот. Таа, на пр., не им дозволува на своите деца ниедна од играчките што се наоѓаат на списокот гласни играчки – составен од американското Здружение за вид и слух. Одредени популарни играчки можат да предизвикаат штета и во рок од 15 минути по нивна употреба.

Нестабилен мебел

Родителите треба да обрнат посебно внимание на мебелот во нивниот дом. Педијатрите предупредуваат дека тој треба да биде стабилен, т.е. прицврстен на ѕидовите.

– Во која било просторија, мебелот треба да биде соодветно поставен. Треба да биде прилепен на ѕид, за детето да не може да се преврти ако се искачува на него, објаснува д-р Меган Мартин.

Проодувалка

Педијатарот Сједа Амна Хусеин вели дека нејзините деца никогаш не користеле проодувалка, бидејќи истражувањата не покажуваат дека таа е потполно безбедна.

– И покрај тоа што ова го говориме со години, родителите секогаш се одлучуваат да купат проодувалка. Во такво помагало, бебето без надзор може многу лесно да стигне до места во домот што се опасни за него, како што се скали или врела печка, рече таа.

Ситни играчки

Малите, ситни играчки претставуваат ризик и постојана опасност од задушување.

Слики и огледала

Огледалата, сликите и слични ѕидни украси можат да паднат од ѕидот врз детето. Ако украсот е од стакло или има остри агли, тоа може да доведе и до посериозни повреди.

Кутија со играчки

Кутија за играчки или канта со капак може да ги повреди детските прсти, ако малечкото ја повлече и турне од малку повисока полица или пак, упорно се мачи да ја отвори… Наместо тоа, стручаците советуваат корпи од помек материјал кои може да стојат долу и коишто немаат капак.

Заштитете ги електричните приклучоци

Електричните приклучоци не смеат да бидат откриени бидејќи тоа може да доведе до повреди. Д-р Оражијака вели дека, освен задолжителната облога врз приклучокот, пожелно е – за оние што се користат – да бидат зад потежок мебел, за децата да не можат да пристапат до нив.

Собни растенија

Исто како што одредени домашни растенија можат да бидат отровни за домашните миленици, некои се штетни и за бебињата и децата. Педијатрите советуваат да се провери за секое растение во домот одделно – дали е безбедно, особено ако тоа е на дофат на детето.

Незаштитени прозорци

Дете без надзор може да предизвика низа проблеми, а еден од нив е искачување до прозорецот или обид да излезе низ него. Тоа е огромна опасност. Затоа се препорачуваат прегради на прозорците.