Поранешниот англиски фудбалер Ли Роуч, после фудбалската кариерата не останал во тие води, туку денеска работи како водоинсталатер.
Интересно е што овој фудбалер со своите 22 години, дебитираше за Манчестер Јунајтед и тоа во Лигата на шампионите, а на 27 години ја заврши кариерата.
Соиграчи во кариерата му беа познатите О’Ши, Блан, Флечер, Бат, Гигс, Форлан…
„Не жалам за ништо. Натпреварот против Депортиво во Лигата на шампионите беше трет меч со Манчестер, со оглед дека играв веќе во Премиерлигата и во Купот“, рече Роуч.
Воедно, тој меч со Депортиво му бил последен за Манчестер, а потоа играше за Барнли, Врекам, Дројлсден.
„На градилиште ме прашуваа некои колеги за Јунајтед, како стигнав до тука, но секако нема да „викам од покрив“ дека сум играл за Манчестер Јунајтед“, вели Роуч.
