Илијана Јотова со убедлива предност на претседателските избори во Бугарија – води со речиси 18 процентни поени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илијана Јотова има убедлива предност пред Андреј Ѓуров во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат најновите податоци од паралелното пребројување на социолошката агенција „Алфа рисрч“.

Според обработени 80 отсто од примерокот, Јотова освоила 57,1 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат Ѓуров добил 39,3 отсто. Разликата меѓу двајцата изнесува 17,8 процентни поени.

Според социолозите, предноста на Јотова е значителна, а првичните податоци од изборната вечер укажуваат на нејзина победа.

Сепак, станува збор за резултати од паралелно пребројување, додека конечниот исход треба да биде потврден од бугарската Централна изборна комисија.