„Илинден е важен и за Бугарија“ – Џафери, Заев и Османи со пораки до Софија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За разлика од Претседателот Пендаровски, кој ја прекрши традицијата за одржување на говор и објави само видео обраќање од 2 минути, каде зборуваше за општи теми, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Заев, на 118 годишнина на обележување на Илинден, го спомнаа и спорот со Бугарија. Претседателот на Собранието, зборуваше за Резолуцијата и црвените линии на РСМ во преговорите со Бугарија. Рече дека унанимното донесување на Резолуцијата од страна на пратениците од различните партии е добра потврда дека имаме двостран почит и дека водиме заеднички битки за одржување во живот на желбата на хероите кои го дале најценетото нешто.

Премиерот Заев, во неговиот говор во Пелинце истакна дека РСМ во текот на историјата не оштетила ниту една соседна држава и дека такво нешто не планира да направи и во иднина. Сме и остануваме на страната на мирот, решавањето на конфликтите, додаде премиерот, при што ја произнесе неговата убеденост дека Софија веќе нема да биде пречка во евро – интеграцискиот пат на Скопје.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својот видео говор рече дека како што се најде решение преку Охридскиот и Преспанскиот договор, слично, преку спроведување на Договорот за пријателство, разликите со Бугарија ќе бидат надминати. Тој 2 август го нарече важен ден и за Македонија и за Бугарија.

Шефот на дипломацијата, Османи го спомена и признавањето на Бугарите како заедница која живее во Северна Македонија, нешто за кое рече дека изразуваат јасна волја, во општествена, правна, па дури и уставна смисла, да ги осигурат  сите тие граѓани кои се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно да ја изразат оваа волја, почитувајќи ги и нивните различни ставови за заедничката историја, но според Осман тоа не треба и не може да се претвори во наметнување врз граѓаните кои имаат различна перспектива за заедничка историја. Додаде дека  посебноста на македонскиот народ и јазик е реалност во секоја смисла, а Македонците како и сите други народи имаат право на сопствени чувства, верувања и гледишта за историските настани и спорови, колку и да се заеднички.