„Илинденска“ е ослободена, приватните превозници ги тргнаа автобусите, на потег е Ковачевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По две недели протести и блокади на крстосници и улици во Скопје, приватните автобуски превозници се повлекоа.

Во попладневните часови ги повлекоа автобусите од булеварот „Илинденска“, каде беа паркирани откако беа дислоцирани од крстосниците кај Мавровка и Црвен Крст.

Ваквата нивна одлука уследи откако премиерот Димитар Ковачевски во текот на денот вети дека ќе ги прими на средба само ако ги деблокираат улиците во главниот град.

Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој пред неколку дена се повлече од протестите, излезе за да ја соопшти одлуката на превозниците.

Сега, како што рече тој, превозниците повторно ќе побараат нова средба, со надеж дека премиерот ќе им ги отвори вратите со цел да постигнат договор за средствата што им ги должи Град Скопје.

Но, премиерот Ковачевски, освен што побара ослободување на улиците, има уште неколку барања пред средбата:

Премиерот истакна дека е против одземање на ингеренциите на Град Скопје, бидејќи тоа би значело враќање на процесот на децентрализација. Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември, паркирајќи ги автобусите на неколку главни крстосници во Скопје со барање да им се исплати долгот за да можат да продолжат со работа. В петок се повлекоа од раскрсницата кај „Мавровка“ и Црвен Крст, а веќе го деблокираа и булеварот „Илинденска“.