Координаторката на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илире Даути денеска на прес конференција ја оцени како задоцнета оставката на премиерот Зоран Заев.
„Оставката на Заев веќе е задоцнета и само покажува дека тој си поднел оставка кога личната состојба не му е добра, а не кога државата и граѓаните не се во добра ситуација. За жал државата и граѓаните одамна не се во добра состојба, особено по две трагедии онаа на модуларната болница и несреќата во Бугарија за кои уште нема одговори и никој не сноси одговорност“, рече Даути.
Според партијата, последните случаи со списокот за помилување и ослободување на, како што нагласи, криминалци, се уште еден доказ дека тие не заминуваат без да ја направат последната штета на правдата во државата.
