Во Тетово 15-та година по ред се организираат илирски карневали, стара традиција како најава за доаѓањето на пролетта.
Годинава дефилето започна од средното медицинско училиште во Тетово, а заврши на плоштадот „Илирија“.
Учесник облечен во крзно, рече дека ова е стара традиционална облека за овие карневали.
„Облеката ја симболизира античката илирска традиција и оваа облека нема никаква врска со религиозниот туку со националниот аспект, како што можете да видите сите се направени од волна и всушност маската и капата, оваа облека што ја носам ја симболизира облеката на старецот, а другите ги симболизираат младите“.
Организаторот на настанот Нешат Мемети вели дека овие карневали треба да не потсетат кои сме.
„Целта е нашиот народ преку културата да се доближи еден до друг, да ја запознае традицијата, да ја запознае културата, да го запознае нашето минато кое е исклучително богато со традиции, култура, облека, и ова добро што имаме, само непријателите не сакаат да бидеме обединети, сакаат да бидеме што по поделени, да ја негираме нашата традиција, нашата култура“, вели Нест Мемети.
Ова е втора година како карневалите се организираат во Тетово, додека покрај жителите на планинарските села, особено селата Вешала и Бозовци, учествуваа и културно-уметнички друштва како „Џеладин Зеќири“ и „Буримет е Шарит“ од Тетово и „Јахи Хасани“ од Чегране.
