Илјадници евакуирани во Франција и Шпанија, издадено предупредување за нов топлотен бран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шумските пожари кои со денови беснеат во Франција и Шпанија и натаму претставуваат сериозна закана, и покрај делумната стабилизација на состојбата во одредени подрачја. Властите предупредуваат дека нов топлотен бран и силни ветрови би можеле повторно да ги разгорат пожарите.

Во Франција, од претпазливост, евакуирани се речиси 4.000 лица од кампови, туристички населби и други сместувачки капацитети во летувалиштето Лакано, западно од Бордо, поради опасност од ширење на големиот пожар во департманот Жиронда, кој досега уништил околу 42.000 хектари шума, пишува „Гардијан“.

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека земјата се соочува со најтешката состојба предизвикана од шумски пожари од Втората светска војна наваму и предупреди дека претстојат „тешки недели“.