Илјадници морски желки насукани на бреговите на Тексас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големиот студ што ја погоди американската држава Тексас, влијаеше и врз морските желки.

Неколку илјади желки се насукаа на бреговите на островот Падре во близина на југот на Тексас.

Волонтерите пристигнале на бреговите за да ги спасат морските животни, а околу 4.700 желки биле префрлени во центарот за сместување и ставени во аквариуми, каде што ќе останат додека морето не биде потопло, кога ќе бидат вратени во природната средина, објави Ројтерс.

„Ова е преседан“, рече Венди Најт, извршен директор на Центарот за морска желка, која управува со напорите да им помогне на овие животни.

Најт рече дека, во нормални зимски ситуации, на бреговите на Јужен Тексас пристигнуваат помеѓу 100 и 500 желки.