„Има 4 степени на градација кај НАТО безбедносните сертификати“, вели Славевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески во дебатното издание „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека има четири степени на градација кај НАТО безбедносните сертификати.

„Ако разговараме за НАТО, тоа е restricted, confidential, secret и top secret – еквивалентно на ова се нашите интерно, доверливо, строго доверливо односно државна тајна, како највисок степен на класификација. Ние со нашиот закон ги усогласивме нивоата и степените на проверка односно длабочина“, посочи Славески.

Тој вели дека највисокиот степен Cosmic Top Secret или државна тајна има пристап до најчувствителните информации на НАТО кои се поврзани со одредени програми како што се нуклеарните.

„Најголемиот дел од информациите кои ги споделуваме се од доменот на confidential и secret, додека за најниското ниво restricted нема потреба од безбедносен сертификат туку само лицето се брифира за неговите права, обврски, чувствителноста на информацијата и тоа се смета за доволно за лицето да ја добие таа информација“, додава Славески.