Има ли изненадувања во плејадата со кандидати за претседател?
На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ни одговори аналитичарот Владимир Божиновски.
Според него, нема изненадување во однос на бројот на кандидати, ниту пак имињата на кандидатите.
„Има една специфика на овие избори, а која не беше на претходните избори, а тоа е дека веднаш по првиот круг претседателски избори, ќе имаме и парламентарни избори. Така да ова нема да биде само борба кој ќе влезе во вториот круг, туку и борба да се види колкав е потенцијалот на партиите“, вели Божиновски.
Тој вели дека повеќе време се нагаѓало за имињата.