Има ли нови докази за Диво Насеље? – Обвинителството собрало докази и информации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството завршило со прибирање дополнителни докази и информации за настанот Диво Насеље од 2015. Не откриваат дали има нови траги од истрагата за вооружениот настан, но велат дека одлуката ќе ја донесат по анализа на податоците.

„Во насока на расчистување на случајот, предметниот обвинител согласно своите надлежности ги презема неопходните дејствија, прибира докази и информации, по проучување на истите ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од обвинителството.

Еден од адвокатите на осудените, Насер Рауфи, не мисли дека ќе има дополнителни докази. Тој тоа го поддржа со информации кои ги добил од Обвинителството.

„На 2 јуни бев на рочиштето за обжалување за Сулејман Османи, еден од казнетите, каде предметот е одвоен и во разговор со обвинителството се информирав дека нема дополнителни докази кои евентуално Агенцијата му ги дала на Обвинителството. Ние како одбрана не сме запознаени за овие докази и мислам дека обвинителството не ги поседува истите според мои сознанија. Оваа информација ја имам од државното обвинителство“, посочи Насер Рауфи.

Но и во случај Обвинителството да не открило ништо ново, пред околу една година, директорот на Агенцијата за контраразузнавање, Еролд Муслиу во интервју за РСЕ рече дека почнале да добиваат нови информации кои за Агенцијата не биле претходно познати.

Муслиу исто така има кажано дека не сите тајни се исчезнати со смртта на Ризај и Ндрецај,бидејќи како што вели, некои податоци се најдени кај некои од осудените, а тоа би го комплетирало настанот. Од друга страна, адвокатот Насер Рауфи денеска за ТВ21 рече дека очекува Врховниот суд, пред летните одмори, да донесе одлука за повторно судење за случајот, бидејќи, како што вели, на првото судење не бил прифатен ниту еден доказ на одбраната. Осен тоа, како втора опција, адвокатот очекува намалување на казните, кои ги нарече брутални. Во случај да има одлука за повторно судење, адвокатот смета дека истото во Кривичен може да започне во септември.