„Социјалдемократскиот сојуз е единствен“, посочи премиерот Зоран Заев по новинарско прашање околу тоа дали има проблеми во СДСМ пред локалните избори.
Тој вели дека тоа го покажале преку нивното секојдневно функционирање.
„Но секако сме различни од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање“, порача Заев.
Во продолжение целосната изјава на премиерот:
