Има ли време да се смени законот за попис? Објаснува Џафери во „ClickPlus“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери на вечерашната дебата во „Клик Плус“ на ТВ21 зборувајќи за денешниот договор меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицкоски се осврна на законските процедури за менување на законот за Попис, кој за резидентното население е предвидено да започне на 1. април.

Џафери истакна дека за да се промени законот за Попис и тој да се пролонгира за Септември како резултат на договорот меѓу Заев и Мицкоски потребно е многу повеќе време од два дена колку и преостануваат до почеток на Пописот.

„Дури и ако се донесе по брза постапка и со европско знаменце сепак постојат процедури кои треба да се запазат.“, смета Џафери.

Како една од тие процедури Џафери ја спомена и Комисијата која треба да дебатира во врска со измените на законот, а во таа комисија законски може да земат учество во дебата сите парламентарци, не само членовите на Комисијата.

Исто така истакна дека времето на дебата не е ограничено алудирајќи дека секој би можел да одолговлекува доколку тоа го посака. Спомена дека и овој закон треба да се гласа според Бадентер така да од големо значење ќе биде и средбата помеѓу Заев и албанската опозиција која е закажана за среда.

Џафери истакна дека постои можност сепак да не се договорат и блокадата да продолжи. Главната поента на првиот парламентарец е дека лидерските средби се вонинституционални, а законите се носат и менуваат во институциите. Додека пак во тие институции како што е Парламентот си има посебни закони, процедури и временски рокови кои треба да се запазат. Имајќи го ова во предвид, Џафери смета дека политичките лидери не треба да чекаат „5 до 12“ за да постигнуваат вакви договори за менување на закони.