„Има пари за граѓаните доколку власта не ги краде“ – Мицкоски: Влегоа во политиката како голтари, излегоа како милионери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Има пари за граѓаните доколку власта не ги краде“, изјави денеска пред медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека оваа влада СДСМ-ДУИ е најнеспособна во Европа бидејќи не знае како да се справи со кризите кои нè погодија.

Мицкоски не остана со толку, тој рече дека функционерите од власта за 3,5 години дека им украле на пензионерите 20% од нивните пензии. “Влегоа во политиката како голтари, излегоа како милионери“, вели Мицкоски.

Од друга страна пак, партијата на власт, СДСМ ја обвини локалната власт, односно општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ.

Додека власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно, граѓаните се соочуваат со економска криза како резултат од поскапувањето на струјата, горивата и прехранбените производи. Владата за ублажување на поскапувањето, воведе 26 антикризни мерки а како дел од овој пакет беше и укинувањето на ДДВ од 5% на 0% за цената на основните прехранбени производи и намалување на акцизата за нафтените деривати.