Десетгодишно девојче од Англија е автор на уметнички слики со цветни мотиви кои се продаваат и по 10.000 фунти.
Дејзи Ват започнала да црта пред четири години сакајќи да ги развесели нејзините стари и болни од рак баба и дедо.

Нејзината мајка Карен забележала дека Дејзи има посебен талент и ја поттикнала да нацрта слика која ќе биде изложена во локалната галерија во рамките на хуманитарна аукција за помош на лица болни од рак.
Сликата била продадена за неверојатни 9.500 фунти, а за неа преку интернет се интересирале купувачи од Канада и Хонг Конг.

Дејзи продолжила да слика и средствата од продадените слики секогаш се наменети за хуманитарни цели. Досега со својата уметност за донирање обезбедила 50.000 фунти.
