Имаат ли ДУИ и Алијанса договор за Кичево? – „Кој ќе победи на листата на советници го предлага наредниот кандидат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На локалните избори во 2017 година во Кичево, ДУИ и Алијанса за Албанците се договориле – кој ќе победи на листата на советници, на изборите во 2021 да има право да предложи заеднички кандидат за градоначалник на општината, изјави синоќа во „Клик Плус“ Крешник Бектеши од ДУИ.

ТВ21: Кој со кого направи договор, бидејќи тоа беше изјавено…

Крешник Бектеши: ДУИ-Алијанса

ТВ21. Кој? Г.Ахмети и г.Села?

К.Б: ДУИ-Алијанса

ТВ21: Кој со кого?

К.Б: Се договоривме политичката партија која ќе победи за листата на советници, следниот мандат да го предложи градоначалникот. 

Бектеши ова го потпира на изјава на лидерот на Алијанса, Зијадин Села, кој во 2017 година изјави дека „ќе излезат со своја листа за советници и на изборите по 4 години ќе треба кандидатот да биде од субјектот кој ќе победи на листите за советници“. Потпретседателот на Алијанса, Ремзи Мехмеди уверува дека ваков договор не постои.

Ремзи Мехмеди: Сега изјава или договор, ве молам, ќе зборуваме коректно или ќе си играме со зборови?

ТВ21: И од политички, и од јавен аспект има разлика…

Р.М: Да кажеш – договор, е клевета и измама Крешник. 

Доколку албанската опозиција ја порази ДУИ, тогаш сигурно следниот мандат ДУИ ќе го поддржи кандидатот кој ќе биде предложен од нивна страна, изјави Бектеши, заклучувајќи дека тоа се начелата зад кои стојат интегративците, но со жалење додаде дека Алијанса го променила мислењето.

Министерот од редовите на ДУИ, исто така рече дека Албанците ја ризикуваат општината Кичево доколку излезат повеќе од еден кандидат, но Мехмеди со став дека би било добро да има трка и да се слушнат понуди. Во однос на кандидатурата на албанската опозиција за Кичево, Мехмеди рече дека сѐ уште немаат донесено одлука за конкретно име, но додаде дека не е исклучена можноста да биде некој од дијаспората.