Во текот на вчерашниот ден физички бил нападнат економскиот директор на Тетовската болница, Артан Етеми од лицето Н.С., вработен во болницата. Вака пишува во денешниот извештај на СВР Тетово. Како што се истакнува во полицискиот извештај, подоцна Н.С. пријавил дека бил нападнат од Артан Етеми заедно со уште едно друго лице.
„На 3 февруари во 12:45 часот, лицето А.Е. (41) од Тетово пријавило дека околу 11 часот во Клиничката болница во Тетово, каде е вработен, бил физички нападнат од лицето Н.С. (50) од тетовско Селце, кој исто така е вработен во болницата. Малку подоцна, пријавениот Н.С. исто така пријавил дека бил физички нападнат од лицето кое претходно пријавило, А.Е. и неколку други лица кои биле вработени во болницата и истите му помогнале на лицето А.Е..“, истакнуваат од СВР Тетово.
Артан Етеми не сакаше да зборува за ТВ21 но во Фејсбук статус негира дека бил физички нападнат и дека имало само вербален напад.
„Во врска со синоќешните вести дека сум физички нападнат сакам да соопштам дека немаше физичка конфронтација туку само вербална и за тоа детално е информирано СВР Тетово. Меѓутоа сакам да информирам дека јас и Движење Беса нема да дозволиме невкусни дејствија како што се со децении навикнати да функционираат. Моето начело и на Движење Беса е да им служиме на граѓаните и да работиме во нивен интерес а не во интерес на нечии шерифи. Затоа, таквите обиди да ме заплашат и да ме запрат, нема да поминат кај мене“, посочи Артан Етеми.
Инаку Артан Етеми е кадар на Движење Беса кој пред неколку месеци беше именуван за економски директор на Клиничката болница во Тетово. Оваа функција претходно не постоеше.
