Имало ли осми патник кој се спасил? Објаснува Јовески во Click Plus

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува главниот јавен обвинител Љубомир Јовески, со кого разговаравме за страшната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

Тој истакна дека во болницата било кажано дека осум лица се спасени, а овие околности ќе ги утврдува и бугарското, но и македонското обвинителство.

„Ние побаравме најпрво информација за тоа колку лица патувале во четирите автобуси, колку се евидентирани на граничните премини при излез од Македонија, додека пак бугарското обвинителство ја испитува околноста колку патници влегле на граничниот премин спрема Турција“, вели Јовески.

Инаку, денеска Обвинителството на Бугарија на прес конференција истакна дека во несреќата на македонскиот автобус се пронајдени 44 тела, додека пак еден од преживеаните посочил дека се спасиле осум лица.