Имам контакти и со „Мериот коалиција“ – Јанчев одговара дали ќе поддржи вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е учесник во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 заедно со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Зборуваме со Јанчев на различни теми, а меѓу нив е и актуелната ситуација со ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан дали има контакти со членовите од т.н. „Мериот коалиција“ и дали би поддржал предвремен Конгрес, Јанчев одговори:

„Да имам контакти со скоро сите членови поранешни и сегашни. Верувајте дека има луѓе кои објективно размислуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата им значи нешто, за основа на градење на политика. Има загриженост во делот на раководењето. Контатите ги остварувам и како што се нарекува Мериот коалиција. Знаеме дека сакаат на предвремен Конгрес, кој се случи, и биде легитимен, јас би го поддржал“, вели Јанчев.