„Имаме јасни цели како држава“ – Ќе одиме ли на избори ако не добиеме датум за преговори?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Имаме јасна цел како држава во однос на нашето пристапување кон Европската унија, изјави пред медиумите премиерот Димитар Ковачевски, но не даде конкретен одговор околу стратегијата – како ќе дојде до членство на земјава во ЕУ, имајќи го предвид ветото од Бугарија?

Застојот на патот кон ЕУ и бројните кризи, според опозицијата се причина за да бараат предвремени избори. ТВ21 денеска го праша и премиерот дали доколку повторно не добиеме датум за преговори, земјава ќе оди на предвремени избори, но домаќинката на настанот, директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, не му дозволи на одговори.

Инаку, наредниот Самит на ЕУ на кој треба да се донесе одлука за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ, ќе се одржи на 22 јуни. Досега официјалните позиции на Бугарија се дека без да се реши историскиот спор, Бугарија нема да го повлече ветото, со што земјава и понатаму ќе остане блокирана во овој процес.