Имаше ли факти за нерегулатности?! – Шеху и Демири за случувањата при гласањето за преговорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавната седница на ДИК пред два дена траеше над 12 часа на која членовите на одлучуваа по приговорите на политичките партии за изборните резултати. Од 27 приговори, ДИК прифати седум, еден во ИЕ6 и шест во ИЕ5. Потпретседателката и член на ДИК, во секоја одлука беше надгласана со 6 спрема 1. Појаснувајќи ги приговорите и забелешките за тие седум избирачки места, Шеху рече дека секоја политичка партија или коалиција имала свој претставник на тие избирачки места, сите се потпишале во записникот  дека гласањето било во ред. Но, за да се потврди тоа, Шеху побара тие да биде поканети да сведочат, ако не со физичко присуство, тоа да го сторат преку телефон. Нејзиното барање како што вели не е прифатено.

„Не е проверена фактичката состојба што се случувало на тие избирачки места. Секој од нас праша, овие гласачи каде се, што се и што се случило? За да ја провериме фактичката состојба го отворивме материјалот, но и во овој дел не можевме да видиме што навистина се случувало на тие избирачки места? Затоа ги замолив членовите на избирачките совети да дојдат и  да ги прашаме. Тие беа администрацијата избрана по случаен избор од ДИК. Можете да одите, да ви дадеме имиња, да ги прашате членовите на избирачките совети што се случило на тие избирачки места“, порача Дитмире Шеху.

Шеху вели дека побарала да се објават записниците од тие избирачки места, за да се види дека проблемот не бил во бројот на гласови, туку од техничка природа.

„Затоа и  побарав. Ајде да ги објавиме сите записници. Немаме што да криеме. Тоа се гласовите, ние не се мешавме во нивните гласови. Не, не, не беше проблемот со гласовите. Проблемот беше од техничка природа во делот за идентификација“, вели Дитмире Шеху.

Шеху рече дека дури 60 отсто од записниците биле од ваков карактер.

Другиот член на ДИК предложен од албанската опозиција Абдуш Демири за ТВ21 изјави дека за дел од приговорите ги отвориле гласачките кутии, а во дел забележале нерегуларности. Затоа, тој гласал за прифаќање на тие приговори.

„За одредени избирачки места се отворија кутиите и се прегледа избирачкиот материјал, од контролата на избирачкиот материјал за некои избирачки места евидентни се нерегуларности и недоследности. ДИК како стручна и непристрасна институција е должна да одлучува согласно Изборниот законик и поради тоа пристигнаа повеќе приговори од повеќе подносители. Од контролата на изборниот материјал во избирачко место 2101, фактите и аргументите беа толку јасни што сите седум членови на ДИК, меѓу кои и Дитмире Шеху, гласаа ЗА. ДИК работи во согласност со Изборниот законик, прописите и одобрените упатства“, вели Абдуш Демири.

Инаку, приговори за нерегуларности пристигнаа од коалицијата ВРЕДИ,  ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и  Левица.