Факт е дека повеќето жени копнеат по почести ужинки за време на менструалниот циклус. Без разлика дали станува збор за слатки или солени, во тој период се посегнува по храна која ќе обезбеди „утеха“.
Сепак, според советите на експертите, најдобро е да се консумира храна богата со протеини или пак, чоколадо со висок процент на какао.
Во продолжение зошто оваа храна е добра за консумирање:
Храна богата со протеини
Понекогаш, кога се јавува желба за нешто, многу е веројатно тоа дека сте гладни. Затоа идеално е да изберете храна богата со протеини што ќе ви ја обезбеди потребната доза, а истовремено ќе ве засити – објаснува гинекологот Венди Трубу.
Студиите покажуваат дека протеините помагаат во умерено лачење на инсулин, што доведува до постепено зголемување на нивото на шеќер во крвта, наместо до ненадеен скок. Како резултат, ќе се чувствувате сити подолго време.
Ако не знате што би јаделе, многу експери препорачуваат креместа храна богата со протеини, како хумус, грчки јогурт или путер од ореви.
Ако копнеете по солено, јадете хумус со солени крекери, а ако сакате нешто слатко, изберете путер од кикирики со банана или грчки јогурт со бобинки.
Црна чоколада
Ако и натаму, по високо-протеинската закуска, сè уште посакувате слатко – темното чоколадо може да ви помогне. Големиот процент на какао (85% или повеќе) е добар за здравјето, а овој вид чоколадо не треба да содржи додаден шеќер или други несакани состојки.
Според советите на гинекологот, во овој период, најдобро би било прво да јадете ужинка богата со протеини, па доколку не ви помине желбата за ужинка, тогаш земете еден ред црно чоколадо.
