Индија: Нерегулираниот извоз на пченица предизвикува поскапувања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Само неколку часа откако Индија го забрани извозот на пченица, индиските владини претставници предупредија дека немало драматичен пад на производството на пченица оваа година, но нерегулираниот извоз доведе до зголемување на локалните цени.

„Не сакаме трговијата со пченица да се одвива на нерегулиран начин или да се акумулираат залихи“, изјави денеска висок владин функционер за новинарите во Њу Делхи, пренесува Ројтерс.

Владата рече дека ќе продолжи да дозволува извоз поддржан со веќе издадени акредитиви и земјите кои бараат залихи „за да ги задоволат нивните потреби за безбедност на храната“.

Глобалните купувачи сметаа на залихите на вториот по големина светски производител на пченица, откако извозот од регионот на Црното Море опадна по руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Пред забраната, Индија имаше за цел да испорача рекордни 10 милиони тони оваа година.