Индиската влада денес објави дека забранила увоз на стоки од Пакистан, бидејќи дипломатските тензии меѓу Њу Делхи и Исламабад ескалираа по убиството на 26 туристи во индискиот регион Кашмир.
Мнозинството од населението на Кашмир е муслиманско, а регионот постојано е извор на конфликти меѓу Индија и Пакистан.
Генералниот директорат за надворешна трговија на Индија соопшти дека забраната за увоз на стоки од Пакистан е воведена „во интерес на националната безбедност и јавната политика“, објави Ројтерс.
