Целата индиска делегација на самитот на групата Г7 во Лондон, е во самоизолација откако нејзини два члени се позитивни на коронавирус, објави британската влада.
„Двајца делегати се позитивни, па сега целата делегација е во самоизолација.“, рече британско официјално лице.
Индискиот министер за надворешни работи Субрахаманјан Џаишанкар не бил позитивен, напиша новинарот на „Скај“, Џо Пике.
Џаишанкар се сретнал во вторникот со британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.
