„Инфлацијата е „скриен данок“ за сиромашните“ – Јовановиќ: Владата со инфлација го полни буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каде греши нашата Влада што имаме најголема инфлација и највисоки цени не само во регионот, туку и во Европа? Анализира за ТВ21 професорот Бранимир Јовановиќ, додавајќи дека  треба да се огледаме на Албанија која има инфлација од 8% и каде цените на некои производи од почетокот на годинава почнаа и да паѓаат.

„Македонија страшно, страшно ја утна работата кога е инфлацијата во прашање. Вината е исклучиво кај владата бидејќи 6-7 месеци гледа како инфлацијата расте и превзема мерки кои немаат ефект. Мерката замрзнување на маржата на производите е апсолутно не ефективна. Прво не може да се спроведе во реалност, а второ не ја ни спроведуваат. Еве, прашајте некој министерр од Владата колку контроли извршиле и колку фирми казниле?Второ мерката за намалување на цената на струјата ќе има многу мал ефект и воопшто нема да спречи цените да продлжат да растат и во наредниот период“, вели Бранимир Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека Владата намерно ја пушта инфлацијата да ескалира за да го полни буџетот, бидејќи каматните стапки за задолжување се превисоки.

„Прво мислев не знаат што треба да прават, после мислев дека едноставно не им е гајле што се случува, си живест во нивен свет и не им е гајле што се случува со обичните луѓе. Сега мислам дека ја пуштата инфлацијата намерно да расте затоа што е позната како скриен данок. Данок кој ги даночи посиромашните и го полни државниот буџет. Го слушнав министеррот за финанасии пред некој ден како се фалеше дека биуџетските приходи се зголемиле за 14 % и предвисдува раст за 14, 15% за следната година“, посочи Бранимир Јовановиќ.

Тековните проекциите за глобалната инфлација од сите меѓународни институции упатуваат дека таа ќе биде значително поумерена во 2023 година, додека на среден рок се очекува стабилизирање на инфлацијата и нејзино враќање на претходно ниските стапки- велат од НБРМ.

„Народната банка започна да ја нормализира монетарната политика уште од крајот на минатата година преку операциите на девизниот пазар, а потоа од април наваму и преку зголемување на основната каматна стапка, која во повеќе последователни наврати беше зголемена за вкупно 2,25 п.п., до нивото од 3,5%. Исто така беа преземени и други мерки преку интервенција во задолжителната резерва, а во насока на поттикнување на денаризацијата и денарските депозити, како и поттикнување на инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска одржливост. Исто така, беше донесена одлука за нов противцикличен заштитен слој на капиталот кај банките“, вели НБРМ.

Преоптимистички се прогнозите на Светска банка и НБРМ, но економски неиздржани, заклучува професорот Бранимир Јовановиќ и најавите ги оценува повеќе како политички, бидејќи на инфлацијата и треба време, не може од 20% да се намали на  6%.