Инфлацијата во земјава и натаму останува висока и не успева да се спушти под границата од 4 проценти.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во ноември повторно пораснале во споредба со истиот период лани, а раст бележат и цените на мало.
Во однос на претходниот месец, забележано е умерено месечно зголемување на инфлацијата, што укажува дека притисокот врз цените продолжува.
Најсилен удар чувствуваат граѓаните кај храната и безалкохолните пијалаци, каде е евидентирано значително поскапување на годишно ниво.
Најголем раст има кај свежото овошје, месото, маслата и мастите, додека најизразено поскапување се бележи кај кафето, чајот и какаото – производи чија цена директно зависи од светските берзи.

