„Инфраструктурата помеѓу 3-ка и 4ка“ – Данчевска: Автопатот Кичево-Охрид не теба веќе да чека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од еден до пет, Верица Данчевска, професорка на Техничкиот факултет во Битолa, ја оценува патната инфраструктура во нашата земја со тројка или четворка.

Во врска со автопатот Кичево-Охрид, таа вели дека треба да се заврши што е можно поскоро, додека причините за доцнењето ги гледа како политика бидејќи владата и министерот се сменија, а проектот не е завршен.

Автопатот Кичево-Охрид, дел од Коридорот 8, е во изградба повеќе од 10 години и работите сè уште не се завршени. Претходната влада вети дека ќе биде завршен на почетокот на 2025 година. Но, потоа рокот за завршување го пролонгираа за 2027-ма.