Иновативност, а не одговор „не може“ – вакцини преку Ковакс системот, но и директно од производителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без тенедер, постапка, компетенција и конкурентност ќе се набавуваат вакцините против коронавирус, доколку не се најде поинаков начин.

„Но законот веруваме дека дава можности, за вакви специфични ситуации и очекуваме ние како Влада од Бирото за јавни набавки, не одговор, не може, туку да бидат инвентивни и како тоа може да се направи.“, рече Заев.

Во спротивно, за ова ќе биде потребна промена на законот за јавни набавки кој моментално не го дозволува истото.

„Доколку не, министерот за здравство, заедно со финанси и ген. Секретар на Владата ќе работат на дополнување на членот за јавни набавки со поглавје ковид заради набавка на вакцин, лекови или слично да има можност директно по пат на преговори исто тука е вградена компетитивноста и транспарентноста да може брзо да се набавуваат ваквите работи.“, изјави Заев.

Покрај ковакс системот и директните преговори со производителите на вакцини, Македонија се надева и на помош од соседите Бугарија и Грција и за тоа веќе се обезбедени средства.

„Државата покрај тоа што има обезбедено средства во својот буџет, а тоа се за тие 833.000 вакцини, оваа година во репрограмот кој помина пред некој ден во Собранието ставивме дополнително 1 милион евра, да ги имаме за да се исплатат сега инсулините, а да остане резезрва во 2021 година од таа програма за дополнително тие 60 милиони денари за дополнителни вакцини, затоа што и соседите кога ќе понудат веројатно треба да си платиме.“, вели Заев.

Македонија има уплатено за вакцини за 400 илјади граѓани преку Ковакс механизмот. Дополнително земјата аплицирала и за дополнителни 800 илјади преку друг механизам на ЕУ. За складирање на вакцините, се набавуваат фрижидери за сите типови на вакцини.