Инстаграм повторно не работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некои корисници вечерва повторно имаат потешкотии да ја користат една од најпознатите апликации – Инстаграм, објави Ројтерс.

Само неколку дена откако гигантот за социјални медиуми доживеа шестчасовен пад, вечерва повторно беа регистрирани повеќе од 36.000 случаи во кои се пријавени проблеми со социјалната мрежа.

Исто така, има повеќе од 800 извештаи за проблеми со Facebook Messenger, платформата за пораки на Марк Закерберг.

Фејсбук, компанијата која е сопственик на Инстаграм, се уште не го коментираше случајот.