Интензивно тестирање и прегледи во затворот „Шутка“, случај на заразен и во Агенцијата за храна и ветеринарство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче денеска рече дека викендов ќе бидат тестирани сите вработени и сите затвореници од затворот „Шутка“ откако притвореник починал. Исто така министерот изјави дека е регистриран и случај во Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Во врска со починатиот притвореник во Шутка, кој престојувал во затворот од 8 март, притоа немал симптоми, но постмортно е дијастогнииран коронавирус, направени се интензивни прегледи и истите продолжуваат викендов, земени голем број на тестови, 30 вчера, денеска исто така 30, ќе се прегледаат сите луѓе, и персоналот и вработените во затворот.

Во агенцијата за храна и ветеринарство има една вработена која од 2-ри април е дома, поради ротацијата на тимовите, седум колеги кои биле во контакт со заболената се во домашна изолација. Се работи на детална дезинфекција во Агенцијата“, рече Филипче.