ВМРО-ДПМНЕ подготви Резолуција преку која сака да го заштити македонските јазик во преговорите со Бугарија, а од друга страна пак, покренува интерпелација против собранискиот спикер, Талат Џафери поради тоа што во Европскиот парламент се обратил на албански јазик. Аналитичарот и новинар, Арбен Раткоцери вели дека ова е апсурд и лицемерие од партијата на Мицкоски.
-Ова е апсурд, бидејќи не знам дали ќе имаше интерпелација ако г.Џафери зборуваше на англиски или француски во Европскиот парламент. Но, лицемерието е уште поголемо бидејќи во исто време ВМРО доставува Резолуција токму за да го заштити македонскиот јазик наспроти идентитетот, културата и др.. во преговорите со Бугарија. Со оваа втора Резолуција за македонскиот јазик, ќе се бара и поддршка од Албанците. Но, со кое лице ќе бараат поддршка кога истовремено напаѓаат функционер Албанец поради тоа што го користел албанскиот јазик во една европска институција-вели Раткоцери.
И политичкиот аналитичар Петар Арсовски на ист став. Како што вели, било кој јазик кој помага за подобро разбирање треба да се користи и не треба да се гледа како грешка.
Раткоцери вели дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да калкулира со еден дел од гласачкото тело кое има еден вид албанофобија, но како што додава, опозициската партија го прави ова само за да добие политички поени во пресрет на локалните избори.
-Ова е само поради тоа што се наближуваат локалните избори и на некој начин прават комбинации меѓу национализмот, а во други елементи како да се отвораат кон гласачите, само за да го прошират своето гласачко тело. Меѓутоа, загрижува еден друг елемент. Јас не знам како ќе бара коалиција со некоја албанска опозициска партија во минимумот во вториот круг, мислам во оваа игра на ВМРО-ДПМНЕ која е само лицемерие. Во најтешка позиција ќе биде албанската опозиција-вели Раткоцери.
Инаку, освен ДУИ, ниту коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива нема да ја поддржи интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ, која ја сметаат за неоснована.
