Инвестирал пола милион, но има проблем со соседот – печалбар од Швајцарија спречен да го користи државниот пат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реџо Арифи живее и работи во Швајцарија. Заедно со семејството неодамна изградиле две куќи вредни половина милион евра. Но, наишле на проблеми со соседите! Не им дозволуваат на камионите што превезуваат материјали да поминат низ пат кој е јавен, што всушност е единственото решение бидејќи овој пат е поширок. Тврдат дека патот е нивен бидејќи го купиле.

Од документацијата што ја поседува Арифи се гледа дека неговото место има два влеза и излези кон улиците од населбата.

Проблемот е што јас имам уредна документација а ми ја блокираа влезнта врата и не ми дозволуваат да поминам со камион“, вели Реџо Арифи.

-Зошто, ти ги кажале причините?

Велат дека патот е приватен, нивен, а е на државата, јас направив се како што треба, платив комунален данок во вредност од 6200 евра“.

-Кога дојдоа општинските инспектори, што ви рекоа?

Дојдоа, видоа и ми рекоа дека имам целосно право но не можам да се разбирам со соседите, а сега сум обврзан поради соседот кој не ми дозволува да поминам по државен пат за да го превезувам материјалот со трактори. Да беше со камион работата ќе се завршеше за еден ден, а вака потребно е една недела“.

Овој пат може да го користи секој според закон. Додека снимавме, дојде еден сосед кој тврди дека го купил патот и почна да го обвини и тимот на ТВ21 за дезинформации и друго.

Јас го купив овој пат. Го купив од соседот 9000 франци“, вели соседот.

Државен пат сте купиле еден од друг?

ТВ21 направи увид и обезбеди документи од Катастар. Таму може да се види дека патот е во државна сопственост. Во Законот за јавни патишта пропишано е дека физичките и правни лица кои спречуваат користење на државни патишта ќе се казнат со парична казна од 2000 до 3000 евра.