Иран го менува името на валутите и крати четири нули

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран го менува името на својата национална валута. Од сега парите ќе го носат името „томан“, наместо досегашното „ријал“, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани.

Парламентот на Иран го усвои законот со кој исто така ќе бидат скратени и четири нули на валутите.

Ријалот загуби 60% од вредноста, и потоа американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нукленарниот договор и ги врати санкциите во Техеран. Во понеделникот еден долар вредеше 156 илјади ријали.

За новиот закон да стапи во сила, треба да го одобри и „Советот на чувари“. Иранската централна банка имала две години да го подготви теренот за овие промени.