Иранскиот воздушен простор ќе биде затворен до сабота во 14 часот по локално време (11:00 часот по Гринич), објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на Управата за цивилно воздухопловство на земјата.
Од друга страна па израелскиот кабинет за безбедност моментално се состанува на „тајна, но безбедна локација“ за да разговара за вечерашниов одговор на иранскиот напад со балистички ракети врз израелското население.
