Соединетите Американски Држави не успеаја да ги постигнат своите воени цели во војната против Иран, што вклучува брза воена победа и промена на режимот во Иран, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.
Според него, во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.
„Досега не се водени никакви преговори со непријателот и не планираме никакви преговори “, рече тој.
Сепак, тој нагласи дека фактот е дека пораките меѓу САД и Иран биле „пренесени преку пријателски земји“ и дека Иран одговорил со изнесување на своите „мислења и издавање предупредувања“.
„Ниту дијалог, ниту преговори, ниту нешто слично“.
Аракчи, исто така, рече дека политиката на Иран засега е да продолжи со „одбраната“.
