Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Заливот, освен ако нападот не потекнува од тие земји.
„Привремениот совет на раководството одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да има повеќе испукувања на ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји“, рече Пезешкијан во говор емитуван на државната телевизија.
„Им се извинувам на соседните земји што Иран ги нападна“, додаде иранскиот претседател, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање „е сон што треба да го понесат со себе во гробот“, објави американската агенција АП.
САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во сабота, на 28 февруари, на што Техеран возврати со ракетирање кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.
