Американската војска трага по хеликоптер кој превезувал петмина маринци од Невада во Калифорнија, а рано утринава било пријавено дека доцнел на својата дестинација, пренесува АП повикувајќи се на воени извори.
Канцеларијата на шерифот во Сан Диего бил известен час по полноќ по локално време дека авионот го пропуштил слетувањето во Мирамар и последен пат бил виден во областа Пајн долина, планински регион на околу шеесет километри источно од центарот на Сан Диего, изјави претставник на американската војска.
Тој планински регион беше погоден од обилни врнежи во текот на ноќта по невремето што ја погоди Калифорнија оваа недела, наведува АП.
