Иселеник не може да се спаси од ѓубрето, 10 години бара решение за тие што му го фрлаат во неговиот двор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Отпад од сите категории , лош мирис .Како ова да не беше доволно за да изгубите трпение , па тој често се пали што дополнително смрди.
Ваква е состојбата пред куќата на иселеник во населбата „Али Куртај“ во кичевското село Грешница.Тој 10 години се занимава со ѓубрето што речиси секојдневно го фрлаат трактори од селаните и таму е направена депонија.

„Овде проблемот ни е во близина на куќата на брат ми, 10 години се занимаваме со проблемот со отпадот, брат ми неколку пати интервенираше во општина Кичево, но за жал поминаа 10 години. Нема акција, ситуацијата е мизерна. Имаше штети и последици, летово кога брат ми дојде на одмор, синот на брат ми беше разочаран , мирисот е лош, а воздухот е многу загаден“, рече Алими.

Тие самите го виделе тракторот и се обиделе да го спречат, со што имале несогласување.

„Вчера на ова место каде што сме сега сретнав еден наш селанец со трактор со градежен отпад, извини што се скаравме вербално и тој се врати со тракторот, не знам каде да го фрлам . “, рече Алими.


Тој вели дека за да се реши овој проблем тропнал на сите институционални врати, но дека не добил никакви ветувања за решавање или чистење на ова ѓубриште. А неодамна повторно беше кај градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, од каде го доби овој одговор.

„Градоначалникот на општината ми рече ќе се зевземе, ќе видиме бидејќи имаме план да изградиме фабрика во општина Кичево, но овие говори се стари, секогаш велат да, да, ќе се среди, но истата ситуација продолжува“, рече Алими.


ТВ21 побара изјава од НП „Комуналец“ Кичово. Од таму велат дека со вакви ситуации се соочуваат речиси во секое село од Општина Кичево.